481
Русија ќе одржи парада за Денот на победата на 9. мај на Црвениот плоштад во Москва, но рано е да се каже дали нејзиниот авијациски дел ќе се одржи, изјави денеска пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Подготовките за парадата се во тек и таа ќе се одржи“, изјави портпаролот на рускиот претседател, пренесе ТАСС.
Како што изјави Песков, „тоа ќе биде многу важен настан традиционален за 9. мај“.
Песков одби да одговори на прашањето дали ќе се одржи и воздушната парада.
„Се уште е рано за вакви најави и не би го направил тоа“ – објасни тој.
Песков рече дека јавноста ќе биде навремено информирана, нагласувајќи дека се уште е рано да се зборува за различните компоненти на парадата, пренесува Танјуг.