Ќе има нови избори само ако ме убијат, порача Лукашенко

by Fokus

Вработените во државната телевизија на Белорусија се одзваа на повикот на опозицијата за генерален штрајк како дел од протестот против победата на Александар Лукашенко на неодамнешните спорни претседателски избори.

Каналите емитуваа репризи откако вработените прекинаа со работа во знак на револт поради цензурата и изборните резултати. Низ земјата деновиве се очекуваат и други штрајкови откако вчера десетици илјади луѓе излегоа на најголемиот протест во историјата на Белорусија, што навестува дека режимот на Лукашенко забрзано губи поддршка.

Тој денеска посети една фабрика за трактори, од каде што уште еднаш порача дека нема да прифати нови избори.

„Веќе имавме избори. Освен ако не ме убијат, нови избори нема да има“, рекол Лукашенко пред работниците.

Претседателската кандидатка на опозицијата Светлана Тихановскаја, која пребегна во Литванија по изборите, изјави дека е подготвена да ја води нацијата како привремен лидер. Опозицијата повика на генерален штрајк од денеска, како нова фаза од протестот против режимот на Лукашенко и полициската бруталност.

Поврзани новости