417
Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган падна под 50% поддршка по 89,24% обработени гласови, јавува Хабертурк.
За еден кандидат да победи во првиот круг од претседателските избори во Турција потребно е да освои мнозинство од оние што гласале денеска. Ако продолжи трендот на мал, но постојан пад на Ердоган при пребројувањето на преостанатите гласови, во Турција следува втор круг кој би требало да се одржи за две недели, односно на 28 мај.
Од 89,24% обработени гласови, во моментот Ердоган има 49,94%, додека неговиот опозициски опонент Кемал Киличдароглу има 44,30% од гласовите.