370
Во Собранието за денеска е закажано продолжение на пет собраниски седници, а на првата од нив, треба да се гласа за Предлог законот за употреба на јазиците, во второ читање, и за Предлогот за избор на судии на Уставниот суд.
За тие предлози завчера во законодавниот дом заврши претресот без дебата, но бидејќи немаше кворум претседателот на Собранието Талат Џафери гласањето го презакажа за денеска. Одлуките за законот за јазиците и за уставните судии се носат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно неопходни се 61 глас „за“.