601
Преговорите меѓу партиите продолжуваат и денеска откако вчера амбасадорот на САД Бејли изјави дека на маса има „интересен предлог“.
Што е интересно во барањето или во разгледувањето на идејата како да се вратат полните ингеренции на Министерот за полиција, засега останува нејасно.
СДСМ бара да не важат измените на законот со кој се ограничија правата на министерот, а ВМРО ДПМНЕ вели дека сака да „спречи партизација“.
Како и да е, веќе предолго траат разговорите, и се чини дека нема вистинска волја за договор.
Странците се сепак оптимисти. според Бејли договор се очекува до крајот на неделава.