Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денес на дневен ред треба да ги донесе предлог-измените на Законот а заштита на децата според кој, за работа во градинките ќе биде потреба лиценца која ќе биде двојазична.
На предлог на министерот Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади и Ѓоко Велковски, заменик на министерот за социјална политика, демографија и млади, се менуваат неколку членови од законот кои се однесуваат на полагањето испит за лиценца и издавањето на лиценца за работа во детските установи.
„Во член 177 ставот (4) се менува и гласи:
„(4) Лиценцата за работа е јавна исправа и се издава во два примерока, од кои едниот примерок е за подносителот на барањето, а другиот примерок останува во министерството. Лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што
го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо”.
Во член 177-б ставот (2) се менува и гласи:
„(2) Првиот дел од испитот од ставот (1) на овој член се полага по електронски пат, на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, со одговарање на определен број прашања со
решавање на електронски тест на компјутер.
По ставот (3) се додаваат два нови ставови (4) и (5), кои гласат:
„(4) По исклучок од ставот (2) на овој член, во случај кога единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит за стекнување на лиценца за работа не е во функција, а поради крајна итност за да не дојде до застој во континуираното вршење на процесот на лиценцирање,
испитот од став (1) на овој член, се спроведува писмено во хартиена форма, на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо.
(5) Начинот на полагање на испитот од ставовите (2) и (4) на овој член, го пропишува министерот.”, стои во предлог-законот кој денеска ќе се најде на пленарна седница.
Орце Костов