Државјанка на Шведска е обвинета за воени злосторства поради учество во регрутирање на својот 12-годишен син на структурите на Исламската држава во Сирија, при што детето е убиено.
49-годишната жена, која се вратила од Сирија во 2020 година, е обвинета за учество во регрутирањето на сопствен син.
Детето родено 2001 година се борело од 2013 година за разни групи, меѓу кои и Исламската држава, а загинало во 2017 година.
Властите во Шведска не објавија други податоци за мајката и детето.
Обвинетата ги отфрли наводите, рече нејзиниот адвокат Микаел Вестерлинг. Ако биде осудена, ќе добие минимална казна од четири години затвор, рече обвинителката Рина Девгун.
Според Обединетите нации, регрутирањето деца помлади од 15 години е забрането според меѓународното хуманитарно право, додека таквата практика Меѓународниот кривичен суд ја третира како воено злосторство.