Ќе грабне ли Џони повторно пушка ?

by fokus

Вистински грев е што една група криминализирани луѓе користат школски деца и неколку несвесни активисти за да предизвикуваат инциденти и играат воени игри и со тоа да се спасат себеси од казната што им пристигнува. Првично во форма на губење на власт, а потоа богами и во некои  други форми.

Пишува х. Сулејман еф. РЕЏЕПИ

Веќе почнувам да мислам дека над Македонија кружи некое проклетство, бидејќи, секогаш кога луѓето почнуваат да се трезнат, нешто ги повлекува во блатото на балканскиот национализам од нај примитивен вид . А тоа блато, како некое чудовиште, ги голта и надежта и светлината, и меѓусебната почит, и љубовта, толеранцијата. Инаку не можам да го објаснам фактот дека и по четврт век, оваа држава никако да стане држава, всушност таа станува се повеќе објект за мајтапење.

Нашата држава, за жал, денес се доживува како едно џуџенце опсесионирано со фиктивна големина и старина што живее во штрек дека Албанците, некоја “темна сила“ или внатрешните комунистички предавници и копаат гроб. А знаеме, ужасно е да живеешсо убедување дека ќе ти го запленат или ќе ти го продадат јазикот, знамето, националната припадност, црквата, античките херои, границите, територијата, воздухот, водата…

Се разбира, во таква, беспотребно и вештачки креирана атмосфера зоврива крвта и растат тензиите што во овој случај не се само меѓуетнички туку и внатреетнички, се провоцираат инциденти, се слушаат воени труби во кои дува будалестата шовинистичка реторика на некоиси политички лидери.

Мајки внимавајте, може срце да ве заболи

Интернетот експлодира, порталите и телевизиите горат од конспирации, некои бедницишто никогаш во животот не виделе оружје ги тераат младите да се спремат за војна бидејќи “татковината е во опасност од Албанците и комунистите“. И, сето тоа, како претекст, поради албанската платформа која што ниту ја виделе, ниту ја прочитале овие што ја сатанизираат. А таа пак, платформата албанска, со ништо не ја доведува во опасност унитарноста на Македонија, јазикот македонски, ниту едно “ м“ од било што македонско не загрозува таа платформа.

Вистински грев е што една група криминализирани луѓе користат школски деца и неколку несвесни активисти за да предизвикуваат инциденти и играат воени игри и со тоа да се спасат себеси од казната што им пристигнува. Првично во форма на губење на власт, а потоа богами и во некои  други форми.

Секој пат кога се соочуваме со слични ситуации, мене ми текнува антивоената книга на американскиот писател Далтон Трамбо – “Johnny Got His Gun”(Џони грабна пушка) според кој е снимен и филм. Таа книга, ќе се сетат по возрасните,беше лектира за тие што се противеа на војната во Виетнам  и на војната како поим.

За младите што сигурно не слушнале за Џони што беше грабнал пушка: Еден американски војник преживува една експлозија, но останува ужасно осакатен. Тој веќе нема раце и нозе, го губи видот и слухот, устата, мирисот, останува неподвижен, глувонем и слеп. Џони преживува ужасни психолошки трауми, не го разликува сонот од јавето.

По неколку години, тој успева да воспостави контакт со една лекарка, комуницирајќи преку Морзеовата азбука што ја користи удирајќи со главата во перница. Џони е мртовец што сеуште може да мисли и толку многу би сакал да им се спротивстави на тие што ги праќаат младите на некоив бесмислени фронтови. Гори од желба да им каже: “Во овој свет не постои ништо толку вредно за што би требало да се умре, а јас го знам тоа бидејќи сум мртов. Лажговци се тие што велат дека треба да се загине за принципите кои што се по големи од животот“. Бидејќи, ако е така “ зошто тие самите или нивните синови не гинат, туку секогаш другите ги праќаат во смрт“, успева некако да каже Џони и заклучува дека“ нема ништо величествено во смрта, величествен е животот што тој не може да си го живее…“

Да скратам, Џони е симбол на војна против војната и ќе остане актуелен се додека ќе има војни и будали што умираат за интересите на разни манипулатори и криминалци.

Ете затоа, ги молам сите мајки, посебно македонските мајки, бидејќи во моментот нивните деца се таргет на ѓаволскинаведувања што извираат од само еден човек. Нивните деца се тие што тепаат покриени девојки и осамени косовари низ центарот на Скопје, тие плукаат интелектуалци и новинари и извикуваат фашистички пароли. Но децата на мајките на кои им се обраќам,многу лесно, од несвесни силеџии може да станат жртви. Мајки, со вашата љубов вардете ги синовите што ви ги манипулираат злотвори.

Убеден сум дека молбите и мајчината солза се многу по моќни и можат да влијаат на децата многу повеќе од криминалците. Впрочем, по убаво е мајките да си ги минуваат вечерите со синовите гледајќи го “Johnny Got His Gun”, одколку да бдеат на прозорци чекајќи ги да се вратат од партијските плукачки и тепачки мисии. Тие, на изглед , “ситни ѓаволштини“, можат да се претворат во големи трагедиииод кои искрено боли само мајчиното срце. Јас чувствувам морална должност да подсетам на тоа.

Инволвирањето на верата

Со жалење констатирам дека на сцената на целатаоваа ујдурма , без такт и без одговорност за последиците што можат да се предизвикаат од нивните настапи,почнаа да дефилираат и свештеници, чија што должност е, да подсетам, да гасат пожари а не да дуваат во нив.

Мислам пред се на Агатангел кој што низ разни “протести“ се бави со странските амбасадори, не штити од имагинарната опасност по унитарноста на државата, го брани Претседателот и неговите не логични одлуки. Тоа се работи што не му прилегаат на свештеник, па било да е тој и званичник на толку привилегираната од оваа власт МПЦ. Јас само сакам да го подсетам  дека на овие простори сме биле сведоци на флагрантна злоупотреба на верата од политиката.

Но, никако не можам да останам инфериорен кон извртените “математики“ на тој високо позициониран човек на МПЦ кој што се бави со пребројување на Албанците. Тој вели:“Кантонизација и двојазичност бараат тие што не се ниту петнаесет посто…“, значи го вели истото што веќе по долго време го велат и некои антиалбански и антимуслимански кругови во земјата

Со тој, од Агатангел толку посакуван процент, претворен во бројки, ако не грешам, му доаѓа дека во Македонија живеат само тристотиниилјади Албанци.

Е па, тој математичар облечен во свештеничко руво, подвлекувајќи дека секогаш сум го преферирал квалитетот пред бројките, го подсетувам дека толку Албанци колку што тој би сакал да има во Македонија, се изброени званичносамо од ДИК, преку гласачките ливчиња на последните парламентарни избори.Ако, исто така според званични извори, излезноста во албанските средини била педесет одсто, неизлезените ја подигаат бројката на скоро шестотини илјади. Нека ги додаде Агатангел и малолетните Албанци кои што Алах ни ги подарил во доволен број, ете му причина повеќе за вознемиреност, и причина повеќе за Албанците веднаш да бараат попис на населението. За бројот на муслиманите воопшто во Македонија нема да зборувам овој пат за да ги поштедам луѓето што се бават со пребројување.

Во секој случај, мислам дека улогата на поповите и оџите би требала да биде во согласност со верските принципи, а не со тие на дневната политика, што значи дека тие треба да зрачат со мир, добрина, толеранција, меѓусебна почит. Грозно е ако ние самите си дозволуваме да ги наведуваме луѓето на немири а потоа да служиме како декор во погребните поворки и церемонии. Таквото нешто значи негирање на самиот Бог.

Македонија е држава во минијатура, без консолидирана демократија, таа има изразени економски и социјални потешкотии, една категорија на  нејзините политичари не само што не ги надминале старите тензии туку политички преживуваат преку нивното актуализирање. Спиралата на провокации и противпровокации останува нивниот префериран терен за игра. Инаку, ќе бидат во аут и ќе повлечат со себе дури и по некој свештеник што си ја заборавилсвојата вистинска мисија, без оглед на која вера припоаѓа.

Од друга страна, токму оваа ситуација во која што се наоѓа Македонија е како створена за паметни политичари што имаат вистински визии, за граѓанското општество и за партиите што го отфрлиле национал-шовинизмот од својата ориентација. Јунаците и храбрите луѓе се докажуваат во тешки времиња. Јас мислам дека нај големиот дел на теолози, муслимани или не муслимани, се храбри луѓе.

Што мислите, би грабнал ли Џони повторно пушка ?


Поврзани новости