394
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ќе го врати Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
-Ова е нашата земја, нашиот народ, нашата историја. Со враќањето на Крим, мирот ќе се врати во Украина – рече тој, додавајќи дека ќе го вратат украинското знаме на секој агол на Украина.
Во 2020 година, Зеленски го прогласи 26 февруари за Ден на отпорот на руската окупација на Крим.