Ќе го разгледаме барањето на онколошките пациенти да бидат ослободени од плаќање патарини, вели Бочварски

by Fokus

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се подготвени да излезат во пресрет на барањето на онколошките пациенти, кои поради лекувањето доаѓаат во Скопје, да бидат ослободени од плаќање на патарини. Рече дека темелно ќе го разгледаат барањето на овие лица.

„Отворени сме да разговараме за сите овие прашања. Кога ќе стигне барањето од заинтересираните граѓани или здруженија на граѓани или од страна на одредени институции, ќе го разгледаме и како и секогаш во минатото кога сме излегувале во пресрет, така и денеска ова прашање ќе биде темелно разгледано и можам да ве убедам дека државата ќе им даде поддршка на сите оние граѓани на кои им е потребна помош. Оваа Влада покажа и денеска и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид-криза, кога има енергетска криза, е овде да им помогне на граѓаните“, рече министерот Бочварски.

Поврзани новости