За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе, заедно со нив да го одбележиме овој јубилеј – 75 години од постоењето на НАТО алијансата, најголемата одбранбена алијанса во светската историја, кажа премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето денеска од Самитот на НАТО од каде порача дека македонската влада сака да биде рамо до рамо со сојузниците.
-Како држава, подготвени сме да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и вледеењето на меѓународното право.
-И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите. Како македонска влада, сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и на македонските граѓани.
Она што сакам да го потврдам исто така е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минумум 2% од БДП да бидат инвестирни во модернизација на нашата армија, нешто кое што е многу важно, затоа што само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата светска одбранбена алијанса која што некогаш постоела, рече Мицкоски.