Ќе го блокираат ли приватните превозници повторно Скопје?

by Fokus

Приватните автобуски превозници утрово протестираа пред седиштето на ЈСП во Автокоманда.

Тие посочија дека не добиле никакви примања веќе неколку месеци, а најавија и нови протести ако не им се решат проблемите.

„Бараме средба со директорот на ЈСП, а доколку немаме одговор од него за решавање на проблемите, ќе бараме средба со Арсовска. Наша последна надеж е премиерот Ковачевски. Ако и тоа не успее, ќе следуваат нови протести во градот“, велат тие.

Поврзани новости