357
Приватните автобуски превозници утрово протестираа пред седиштето на ЈСП во Автокоманда.
Тие посочија дека не добиле никакви примања веќе неколку месеци, а најавија и нови протести ако не им се решат проблемите.
„Бараме средба со директорот на ЈСП, а доколку немаме одговор од него за решавање на проблемите, ќе бараме средба со Арсовска. Наша последна надеж е премиерот Ковачевски. Ако и тоа не успее, ќе следуваат нови протести во градот“, велат тие.