Ќе „фрчат“ казни за неовластена продажба на билети за Суперкупот

by Fokus

Во пресрет на одржувањето на претстојниот Суперкуп во Скопје, власта на Собранието му предлага да усвои ново кривично дело во Кривичниот законик, пренесува Макфакс.

Станува збор за неовластено нудење, рекламирање, продавање и овозможување на друг продажба или посредување во продажба на билети за јавни спортски натпревари, јавни културни или друг вид јавни манифестации.

Канцеларијата на премиерот Зоран Заев како координатор на активностите на институциите – членови на Работната група задолжена за организација на Суперкупот 2017 година, доставила барање за свикување работна група задолжена за изменување и дополнување на Кривичниот законик заради преземање  неопходни активности за регулирање на оваа материја, со што ќе се спречат и штетните последици кои би произлегле како резултат на преземање на ваквите нелегални дејствија.

Поврзани новости