523
Во Грција пред утрешните избори анкетите покажуваат дека Нова Демократија има голема предност од 36 отсто наспроти Сириза со 28 проценти.
Ако ова се потврди и на утрешното гласање, Нова Демократија би имала апсолутно мнозинство во Парламентот со 155 од вкупно 300 пратеници. Ако некоја од малите партии не успее да го помине прагот од 3 посто, тогаш мнозинството може да добие до 159 пратеници. Најсериозен кандидат за нов премиер на местото на Алексис Ципрас е лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.