Ќе биде ли Фадил Цана нов министер за здравство или се е само шпекулации?

by Fokus

Иако, се уште не е јавно објавена коалицијата меѓу владејачката СДСМ и Алијанса за Албанците, сепак во јавноста веќе кружат муабети дека се договорени министерството за здравство и правда, кои би отишле во рацете на партијата на Арбен Таравари.

Во јавноста се врти името на доктор Фадил Цана, кој доаѓа од скопската Инфективна клиника како иден министер за здравство.

„Фокус“ за ова побара одговори и од Алијанса за Албанците, од каде ни потврдија дека се што во моментот се зборува се шпекулации.

„Прво се уште не е донесена одлука за влез во влада, а второ се уште не се знаат ресорите. Се што се зборува во јавноста се шпекулации“, потврдија од Алијанса.

Оваа партија уште пред шест години го доби ресорот здравство, поточно кога ВМРО-ДПМНЕ падна од власт. Тогаш Алијанса коалицираше со „сдсмовците“ и неврологот Артбен Травари седна на министерската фотеља.

Меѓутоа, неговата министерска кариера не траеше долго, па така тој за само три месеци си замина од таму и се кандидираше на локалните избори и стана нов градоначалник на Гостивар, каде што веќе тера втор мандат.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости