Ќе бидат потребни мерки и за нафтата и за гасот, вели Мишел

by Fokus

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека Европската унија ќе треба да воведе санкции за руската енергија, како што се нафтата и гасот „порано или подоцна“, бидејќи блокот сака да го засили притисокот врз Москва соочени со извештаите за воени злосторства извршени во Украина од ,како што велат украинските власти, руските трупи.

-Мислам дека ќе бидат потребни и мерки за нафтата, па дури и за гасот, порано или подоцна, изјави Мишел во своето обраќање пред Европскиот парламент.

Мишел ги повика европските пратеници да размислат за таквите потези, насочени кон главниот извор на приход на Москва, откако извештаите за „воени злосторства“ извршени од руски војници во градови како Буча беа „уште повеќе доказ дека руската бруталност против народот во Украина нема граници.

Откако руските трупи се повлекоа минатата недела од градовите и селата околу главниот град Киев, видео и медиумски извештаи покажаа области преполни со трупови на цивили за кои украинските власти тврдат дека ги убиле од руските сили, вклучително и некои на кои се чини дека им биле врзани рацете зад грб.

Соединетите Држави и нивните сојузници денеска ќе објават нов широк круг санкции врз Русија. Со санкциите се забрануваат сите нови инвестиции во Русија, се зголемуваат ограничувањата на финансиските институции и државните претпријатија во Русија, а ќе бидат насочени кон претставници на руската влада и нивните семејства. Европската комисија вчера предложи петти пакет санкции против Русија.

Поврзани новости