Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев, дел од Европската народна партија (ЕПП), бара партијата да ја исклучи ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од неа.
„Европската народна партија е информирана за политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Бугарија. Постојат опции за замрзнување на членството и отстранување на партијата од групата“, изјави Ковачев.
Според бугарскиот европратеник ВМРО-ДПМНЕ на секој начин покажува дека сака да се приклучи кон Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан бидејќи, како што вели, се оддалечува од вредностите на ЕПП.
Низата провокации од македонска страна, како што вели, во никој случај не се предизвикани од Бугарија.
„Се обидуваат да не испровоцираат за да може ние да бидмее виновниците, а тие да одат каде што отидоа со Вучиќ и Орбан во Кина и Русија. Ова е геополитичкиот наратив“,рече Ковачев.