На платото пред Младинскиот културен центар се оддржува собир во одбрана на МКЦ, а ќе трае од 12 до 16 часот.
Според организаторите на настанот, целта е сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изразат незадоволство од последната одлука на градските власти.
Организиран е од колективот „Гола планина“. Како што се наведува во најавата Фејсбук, целта е на настанот е да се соберат сите ентузијасти и љубители на независната култура, за заедно да го искажат своето незадоволство.
„Срамота е форсираното политизирање на една од најлегитимните и најработливите културни установи во Македонија. Срамота е постојаниот обид за угнетување на оние кои уживаат во правење и восприемање на уметност различна од популарната, посебно на младите кои се борат за трошките. МКЦ е она што нè држи живи. МКЦ не го заслужува ова, не заслужува еден ваков ветеран да биде изеден од забот на времето и алчноста“, се наведува во објавата.
Фото: Вечер Прес