Казнувањето на возачи со српски таблици, Приштина го одложи за два дена

by Fokus

Приштина за дополнителни 48 часа ги одложи плановите за казнување на возачите Срби кои одбиваат да се откажат од табличките издадени од Србија, по барањето на Вашингтон за одложување на потегот кој може да предизвика етничко насилство.

Косовскиот премиер Аљбин Курти на Твитер денес во раните утрински часови напиша:

„Го прифаќам барањето (на американскиот амбасадор) за одложување од 48 часа. Среќен сум што можам да работам со САД и ЕУ на наоѓање решение во следните два дена“.

Поврзани новости