Казните мора да бидат пожестоки, вели Спасовски

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека полицијата постапила навремено при инцидентот на плоштадот „Скендербег“ при протестите против францускиот предлог.

-Како правник не сакам да ги коментирам одлуките на судот, но дека се праќаат лоши пораки, се праќаат. Досега сум кажувал дека посебно во вакви околности, мора државата да има жесток и силен одговор кој што ќе ги одврати идните кои што би сакале на ваков начин да постапат. Во ниту еден случај или цел, вие не треба да нападнете полицаец и не можете да употребите оружје. Санкционирањата мора да бидат пожестоки, смета првиот човек на македонската полиција. вели Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Поврзани новости