Во тек на вчерашниот ден само две лица од Неготино не го почитувале полицискиот час и против нив се поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Велес.
Очигледно е дека казните имаат ефект врз неготинчани, бидејќи само пред три дена, односно на 29-ти март, дури 15 лица не го почитувале полицискиот час и заработиле соодветни казни.
Според информациите од полицијата, бројот на лица во Неготино кои се домашна самоизолација се намалува, и денес нивниот број изнесува 30. Во Кавадарци во самоизолација се наоѓаат 69 лица, а пак во Велес 86.
И во Велес на 29-ти март дури 12 лица биле пријавени за непочитување на полицискиот час, додека од Кавадарци само едно лице. Во тек на вчерашниот ден, во Велес три лица го прекршиле полицискиот час, а пак во Кавадарци не е забележан прекршок.