615
Со усвојувањето на новиот закон во Франција, се забранува таканаречената терапија за конверзија, а предвидени се парични и затворски казни за сите кои користат ненаучни методи во обид за промена на сексуалната ориентација или родовиот идентитет на ЛГБТ лицата.
Казните се пропишани за надрилекари кои сакаат да ги „преобратат“ геј-луѓето во хетеросексуалци.
Пратениците оценија дека законот ќе се однесува на оние кои хомосексуалноста ја сметаат за болест.
Законот предвидува казна затвор до две години и 30 илјади евра.
Доколку се вклучени малолетници или други ранливи групи, казната може да биде до три години затвор и 45 илјади евра.
Такви терапии веќе се забранети во неколку американски сојузни држави и во Порторико.