Казни за пешаците кои не поминуваат улица на пешачки премин

by Fokus

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 121 пешак од кои, 104 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Против сите ќе бидат покренати соодветни поднесоци.

Поврзани новости