Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во рамки на кои на територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки.
Како што соопшти МВР, од санкциите 32 се за возење повеќе од дозволената брзина, 12 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на затворен семафор – црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, две за користење на мобилен телефон, две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.