Казни за 88 возачи во Скопје, 20 се за брзо возење

by Fokus

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, а 19 за возење без возачка дозвола.

Од МВР денеска соопштија дека се изречени четири санкции за користење мобилен телефон, една санкција за управување под дејство на алкохол, 26 за непрописно паркирани возила.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости