780
Во текот на вчерашниот ден казнети биле 384 возачи во Скопје, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Меѓу нив, 21 лице возело без возачка дозвола, 138 возеле пребрзо, а 20 возила биле нерегистрирани и технички неисправни.
За брзо возење биле санцкионирани 20 мотоцикли, а одземени биле три мотоцикли и еден четирицикл, изречени биле 88 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила биле подигнати со пајак (вкупно 160), а изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.