Казни за 277 возачи за брзо возење

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи, информираат од МВР.

Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 116 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 118 други видови прекршоци, велат од МВР.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението.

Поврзани новости