Казни за 178 возачи во Скопје, 53 за брзо возење

by Fokus

Казнети се вкупно 178 возачи вчера на територијата на град Скопје, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, пет за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

МВР денеска соопшти дека изречени се и 12 санкции за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, а две за минување на црвено светло и 58 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, посочуваат од МВР.

Поврзани новости