261
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престројување на возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.