362
Вкупно 126 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, од вкупно 126 мерки, за возење повеќе од дозволената брзина се 10 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се шест мерки за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.