Казни за 125 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 125 возачи.

Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената. Притоа, информираа од МВР денеска, 68 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости