61
Од стапувањето во сила на законската обврска за задолжително користење на зимска опрема во сообраќајот, на 15-ти ноември минатата година, до денеска (29 јануари) на поширокото тетовско подрачје биле изречени вкупно 162 мерки, информираат од МВР.
Оттаму соопштуваат дека на возачите кои во овој период не ја поседувале пропишаната опрема во патничките или товарните возила изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 евра во денарска противвредност.
– Контролните активности на овој план со несмалено темпо и динамика ќе продолжат до 15-ти март годинава, до кога ќе се применува законската опрема и ќе се санкционираат сите возила и возачи кои нема да се придржуваат на обврската – велат од МВР.