Казни до 500 евра за пукање петарди

by Фокус

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека и годинава спроведуваат превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. Како што велат од таму, МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства.

„Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните“, посочуваат од МВР.

Поврзани новости