739
На автопатот Куманово – Скопје – Велес, каде максималната дозволена брзина на движење е 120 километри на час, сообраќајната полиција денеска од 10 до 16 часот казнила 68 возачи кои возеле над дозволеното.
Од нив тројца возеле со над 50, а тројца со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Од МВР соопштија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.