37
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири за управување под дејство на алкохол…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.