35
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за управување под дејство на алкохол…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.