67
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (221.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.