408
Казнети четри отпади на територијата на Општина Чаир, вршеле трговија без регистрирана фирма и немале дозвола за складирање на секундарни суровини, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека денес полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Инспекторатот за животот средина, извршиле контрола во четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на Чаир.
„При контролата било констатирано дека сите четири отпади вршат трговија без регистрирана фирма и не поседуваат дозволи за складирање на секундарни суровини за што од Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за животот средина им се изречени парични казни. По консултација со јавен обвинител, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветни поднесоци“, соопшти МВР.