295
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 81 мерка, меѓу кои седум за возење повеќе од дозволената брзина.
Изречени се и по три мерки возење без возачка дозвола, односно за возење под дејство на алкохол, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење…
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.