633
Од МВР информираат дека забраната за движење од 22.00 часот до 05.00 часот не ја почитувале 11 лица. Во текот на изминатото деноноќие пак за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 499 прекршоци.
-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19, велат од МВР.