Казнети 486 возачи за брзо возење

by fokus

Во акциска контрола на МВР спроведена во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава санкционирани се 486 возачи. Од нив 73 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 244 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 242 надвор од населено место.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Поврзани новости