Казнети 309 возачи за брзо возење

by Fokus

Санкционирани се 309 возачи во целата територија на државата во текот на вчерашниот ден кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, од кои 15 возила што се движеле над 50 километри на час повеќе од дозволеното а едно возило 70 километри на час повеќе од дозволеното, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на вчерашниот ден (20.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 309 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, информираат од МВР.

Според МВР 199 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 110 надвор од населено место.

Поврзани новости