684
Во текот на вчерашниот ден биле казнети 302 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, соопштија од МВР, 12 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 133 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.