693
Во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 272 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од МВР.
– Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа,120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.