331
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 136 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 38 мерки за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Изречени се 12 мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за возач почетник, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Од МВР напоменуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат.