Казнети 244 возачи во Скопје, 137 за брзо возење

by Fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 244 мерки, меѓу кои 137 санкции за непочитување на брзината на движење, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за управување под дејство на алкохол…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости