Казнети 243 возачи во еден ден во Скопје: дури 145 за брзо возење

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 мерки за управување под дејство на алкохол, две санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Поврзани новости