Полицијата вчера казнила 230 возачи за пребрзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи
„Во текот на вчерашниот ден (11.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Во акцијата санкционирани се 230 возачи.“, соопшти МВР.
Според податоците од МВР од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 160 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.