588
Само на територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 218 санкции. Од нив 18 за управување на возило без возачка дозвола и 21 за користење на мобилен телефон при возење, информираат од МВР.
Во соопштението од Министерството, исто така, се наведува дека биле изречени 12 мерки за некористење сигурносен појас, 15 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на црвено светло, седум за непрописно престигнување и 79 мерки за непрописно паркирани возила, како и седум мерки за користење на технички неисправни и нерегистрирани возила.
Од МВР испраќаат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.